Фудбалерите на Аугсбург остварија важна победа од three:1 (2:1) на гостувањето кај Ајнтрахт во последниот меч од 29-то коло на германското фудбалско првенство, со што практично речиси го обезбедија опстанокот во лигата.

Ајнтрахт поведе во 14 минута со голот на Гоншало Пасиенсиа, но гостите до крајот на полувремето направија целосен пресврт благодарејќи на двојниот стрелец Марко Рихтер кој погоди во 31 и во четвртата минута од судиското продолжение на првиот дел. Победата на гостите ја потврди Микаел Грегоритч во eighty four минута. Домашните притоа од 47 минута играа со играч помалку, бидејќи два жолти картона му беа покажани на Фернандес.

Аугсбург така дојде до 14-то место со 28 бодови, седум повеќе на пет кола до крајот од sixteen-то место кое води во бараж за опстанок а десет бодови повеќе од местата кои директно водат во понизок ранг на натпреварување.

Со неочекуваниот домашен пораз, пак, Ајнтрахт пропушти можност да се зацврсти на позицијата која води во Лигата на шампионите. И натаму е четврти со fifty two бода, но сега само со бод повеќе од петтата Борусија Менхенгладбах и пет повеќе од шестиот Хофенхајм.

Претходно во неделата актуелниот шампион Баерн победи со four:one на гостувањето кај Фортуна, а Хофенхајм со two: дома беше подобар од Херта.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here