Во 30-то коло од германската Бундеслига во саботата на својата „Алијанц Арена“ против Вердер славеа со one:.

Баерн кој пред две недели го демолираше најголемиот конкурент Борусија Дортмунд со five:, тешко го добија Вердер иако гостите од 58 минута играа со играч помалку, откако беше исклучен бекот Милош Вељковиќ. Победничкиот гол го постигна стоперот Никлас Шуле во 75 минута, кога шутираше од работ на шеснаесетникот и со помош на гостински одбранбен играч го измами голманот.

Водечкиот Баерн Минхен сега има четири бода повеќе од Борусија Дортмунд која во недела гостува кај Фрајбург.

Баер Леверкузен со победата од 2: на домашен терен го поттурна Нирнебрг поблиску до втората лига. Стрелци за „Аптекарите“ беа Аларио во 61 минута и Воланд во 86 минута. Баер сега е шести со 48 бодови, а Нирнберг е seventeen-ти со eighteen бодови, четири бодови помалку од позицијата која обезбедува опстанок.

Мајнц со 3:1 ја победи Фортуна Диселдорф, а овој меч го одбележа првиот погодок кој го постигна францускиот напаѓач Жан Филип Матета по само 35 секунди. Истиот играч беше стрелец и во 87 минута, а претходно во 67-та погоди и Онисиво, а гостите само израмнија во 19 минута преку Лукебакио. Мајнц е 11-ти со 36 бодови, а Форутна е 10-та со бод повеќе.

Аугсбург го потопи со six: Штутгарт кој се бори за опстанок. Стрелци беа Рани Кедира во eleven, Андре Хан во eighteen, Филип Макс во 29 и 59 и Марко Рихтер во 53 и sixty eight минута. Аугсбург се чини на пет кола пред крајот на првенството го обезбеди опстанокот, сега е 14-ти со 31 бод, десет повеќе од местото кое води во понизок ранг, но Штутгарт има само три бода повеќе од истото место и е 16-ти.

Вечерва играат уште Борусија Менхенгладбах – Лајпциг и Шалке – Хофенјахм.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here