Владата нема решение за вработување на долгорочно невработените лица. И според директорката на Агенцијата за вработување и според вицепремиерот Анѓушев овие луѓе или работат на црно, трајно се иселени, или повремено работат во странство. Анѓушев вели дека forty two отсто од 105 илјади активни баратели на работа се постари од fifty години. Сепак, голем дел од нив редовно се пријавуваат, но воопшто не бараат работа.

Анѓушев признава дека Владата треба да поработи повеќе за да ги преквалификува оние што навистина бараат работа, затоа што половина од активните баратели имаат само основно образование или пак воопшто го немаат. Сегашните квалификации на работниците се далеку од она што го бара пазарот, а тоа се заварувачи, ракувачи со градежни машини, текстилци, возачи, угостители. Интересот за обуки за преквалификација годинава не е многу голем. Агенцијата за вработување предвидела да опфати four.740 лица, а досега се пријавиле 1.300, од кои five hundred млади.

Пред неколку дена директорката на Агенцијата за вработување изјави дека на луѓето во земјава не им се работи. Дури 70 посто од невработените не одат кога ќе ги повикаат на интервјуа за работа, а од останатите 30 посто ретко кој прифаќа да работи, најчесто поради ниските плати или поради немање квалификации. Светска банка веќе предупреди дека половина од работоспособното население, ниту посетува обуки, ниту бара работа во земјава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here