Најмалку седум лица се убиени во нападот врз авганиското министерство за комуникации во центарот на Кабул во саботата, со што беше прекинато повеќемесечното примирје во главниот град и покрај напорите да се склучи мировен договор.

Нападот започнал околу пладнето по локално време кога бомбаш самоубиец се разнел на влезот од eighteen-катницата во која се наоѓа министерството за комуникации, инаку во фреквентен дел од Кабул на два километри од силно обезбедуваната ткн Зелена зона. Потоа започнала престрелка која се слушала и во другите квартови од авганистанската престолина.

Меѓу мртвите се четворица цивили и тројца полицајци, додека осум цивили се ранети, соопштиле владини извори. Министерството за надворешни работи попладнето објави дека „Операцијата е завршена. Сите бомбаши самоубијци се убиени, а околу two.000 луѓе се спасени“, без да го наведе точниот број напаѓачи.

Претходно Амандудин Шаријати, официјален претставник на безбедносните сили во Кабул, за AFP рекол дека „четворица напаѓачи влегле во престрелка со авганистанските безбедносни сили“. Генералот Саед Мохамед Рошан Дил, началник на полицијата во Кабул, потврдил дека четворица напаѓачи биле облечени во полициски униформи и нивна цел бил храм во близина на министерството.

Засега ниедна радикална групација која дејствува во Авганистан не ја презема одговорноста за саботниот напад. Овој напад дојде само три дена по откажувањето на планираната средба меѓу талибанските лидери и авганистански функционери и претставници на цивилното општество во Катар. Талибаните во меѓувреме објавија соопштение во кое отфрлаат секаква вмешаност за нападот.

Нападот се одигра неколку месеци по релативното примирје во Кабул, во периодот на разговорите меѓу САД и претставници на исламистичкото радикално движење Талибан за постигнување мир и завршување на судирите кои го разорија Авганистан по речиси 18 години од американската инвазија.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here